Cashback & Shopping Points

  • 3% + 3,5 по 6500 MKD Купување
  • ПРИФАЌА Cashback - картичка B2B

Контакт

Опис

Училиштето за странски јазици и студио за преводи ИНТЕРКУЛТУРА е посветено на постигнување солидни јазични вештини кај слушателите. Нудиме јазични курсеви за сите возрасти како и настава прилагодена на слободното време, на барањата и на степенот на познавање на јазикот кај заинтересираните кандидати и идни ученици.
Нашата цел не е само изучување странски јазик туку и здобивање ефективни алатки за комуникација и разбирање во општеството кое нè опкружува и во кое живееме.
Нашата визија е да им овозможиме на нашите слушатели услови за целосно изучување на одреден странски јазик како и стекнување знаења од општата култура и цивилизација.
Вистинската професионалност во полето на изучување странски јазици се докажува со користењето на најсовремени наставни методи за изучување странски јазици (аудиовизуелна настава во комбинација со комуникативен пристап како и примена на најсовремени дидактички и педагошки теории) и со квалификувани, искусни, интересни и инвентивни професори.
Стандардните курсеви за деца и за возрасни за сите странски јазици се во времетраење од максимум 4 месеци. Интензивните курсеви траат од два до два и пол месеци во зависност од големината на групата и интензитетот на часовите. Групите се состојат од најмногу 8 слушатели а тоа дозволува еднакво учество на секој слушател во текот на наставата. Наставата е динамична, интересна, релаксирана и прилагодена на- потребите на сите слушатели. Во текот на курсевите слушателите се здобиваат со јазични вештини како читање, пишување, комуникација, збогатување на речникот.
Вообичаените уписи секоја година се од 20 август до 10 септември и од 3 до 12 јануари.
Доколку оформите група од минимум 5 слушатели можете да стартувате со групата било кое време во годината. Интеркултура со оваа понуда Ви овозможува единствена шанса за иста цена самите вие да ги одберете термините на одржување на курсот како и да ја одредите динамиката на часовите.

* Во зависност од производите кои биле консумирани кај Трговските партнери, може да има варијации во конкретната исплата на маржите за провизија. Затоа не се гарантира точноста на податоците на оваа веб страница.